Top Sport

Изнер го „стопираше“ Дел Потро за финале во Мајами

Џон Изнер е во најдобрата форма во кариерата, и тоа го покажа откако го шокираше Хуан Мартин дел Потро со 6:1/7:6(2) во полуфиналето на Мастерсот во Мајами за свое четврто Мастерс 1000 финале.

32-годишниот Американец  со ова ја прекина низата од 15 победи едноподруго на шампионот од Индијан Велс, Дел Потро, откако доминираше на свој сервис и заврши со 39 директни победнички топки и 16 аса. Во финалето, каде што ќе оди на својата прва Мастерс титула, Изнер ќе игра или со Александер Зверев или со Шпанецот Пабло Карењо Буста.

Фото: ЕПА

Scroll to Top