Top Sport

Изнер остана со надежи за пласман во Лондон

Џон Изнер направи уште еден чекор кон пласман на АТП финалето во Лондон, откако влезе во полуфиналето на Мастерсот во Париз со тешка 6:4/6:7(5)/6:4 победа над Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.

Американецот, кој лани играше во финалето, мора да триумфира на турнирот за да го обезбеди последното осмо место за завршниот турнир на сезоната во Лондон од 12 до 19 ноември во „О2 Арената“ во Лондон.

За Дел Потро ова е пак незгоден пораз, бидејќи тој ќе го освоеше тоа место доколку го победеше Изнер. Вака Аргентинецот вели дека си оди дома, дури иако постои шанса да биде „замена“ на турнирот доколку повредата на Рафа Надал се покаже како сериозна.

Следен за Изнер е најголемото изненадување на турнирот, српскиот квалификант Филип Краиновиќ, кој без меч влезе меѓу најдобрите осум по повлекувањето на Рафа Надал.

Во другите две четврт-финални дуели подоцна играат Французинот Жулиен Бенето и третиот носител Марин Чилиќ, а во вториот дуел шпанскиот ветеран Фернандо Вердаско ќе го предизвика Американецот Џек Сок.

Scroll to Top