Top Sport

Ја бакна на боксерско соочување, па доби шамар (видео)

Полската ВБО шампионка во супер-перо категорија, Ева Бродницка очигледно најде начин да го крене интересот за женскиот бокс, откако на соочувањето со својата следна противничка, Едит Солидад Матис, ја бакна во уста, пред да добие шамар.

35-годишната Бродницка во традиционалното боксерско гледање очи-во-очи внесе нов елемент и ја бакна Аргентинката, но во сабота навечер во мечот во нејзината татковина, во Честохова, нема да биде толку мирољубиво.

Матис, очигледно, не сакаше да падне на играта на шампионката, која на крајот врати со удар, пред промотерот на мечот да ги сопре.

Scroll to Top