Top Sport

Ја скрши раката на две места, но освои бронза! (вознемирувачко видео)

Французинката Гаел Најо Кечанке на Европското првенство во кревање товар во Батуми, Грузија доживеа застрашувачка повреда на раката откако се обиде да крене 110 килограми и да постави нејзин личен рекорд во категоријата до 76 килограми.

Секако, веднаш да ве предупредиме дека видеото е вознемирувачко и нелагодно. Во третиот обид да стигне до оваа тежина, таа успеа да ги крене теговите, но нејзината лева рака попушти под притисок и се скрши на две места, а исто така го измести лактот. Таа веднаш беше однесена во болница на итна операција.

Сепак, најизненадувачки е тоа што таа го освои бронзениот медал за нејзиниот прв обид од 103 килограми. На Инстаграм таа се јави со порака.

„Од ова ЕП не си заминувам на најдобар начин, со повреда на лактот и со бронза за 103 килограми. Благодарам на сите пораки за поддршка“, вели Најо Кечанке.

Scroll to Top