Top Sport

Јан Улрих добил дозвола од девојката да ја спие со други жени

Поранешниот олимписки шампион и победник на Тур де Франс, Германецот Јан Улрих открива дека неговата девојка му дозволила да има секс со други жени.

Улрих неодамна беше на насловните страници во Германија по нападот на една проститутка во Хамбург и по инцидентот на Мајорка каде што му се закануваше на својот сосед, по што замина на психијатриско лекување за зависноста од алкохол и дроги.

Сега, олимпискиот шампион од 2000 година, во ТВ интервју со „РТЛ“, вели дека неговата нова девојка Елизабет Наполес му дозволува да спие со други жени.

„Јас сум само млад човек кому му е потребен секс. Кога сум на пат четири недели, сексот го добивам од други жени“, вели Улрих.

Тој е во врска со Наполес помалку од една година, откако минатата година се разведе од втората сопруга, Сара.

Улрих предизвика „велосипедски бум“ во Германија по победата на Тур де Франс во 1997 година, и беше една од најголемите ѕвезди на спортот, пред да биде обвинет за користење на допинг, по што сите негови резултати од 2005 натаму беа избришани.

Јан Улрих примен на психијатриско лекување!

Scroll to Top