Top Sport

Јејтс повторно носи црвено

Британскиот велосипедист Сајмон Јејтс, возач на тимот „Мичелтон Скот“, победи на 14.етапа на Трката околу Шпанија (Вуелта). Етапата долга 167 километри се восеше од Систиерна до Лас Прадес.

Јејст со својата прва победа на овогодинешното издание на Вуелта, повторно ја облече црвената маичка и се врати на првото емсто во генералниот пласман.

foto: epa

Британецот, 14.етапа ја заврши со две секунди подобро време од Колумбиецот Мигел Анхел Лопес од „Астана“. Етапата на третата позиција ја заврши Шпанецот Алехандро Валверде.

Хесус Ерада, кој во 14.етапа влезе како лидер на целта стигна на 45.место.

Во генералниот пласман Јејтс има 20 секунди предност во однос на Валверде, додека 25 секунди зад Британецот е Колумбиецот Наиро Кинтана.

Утре на Вуелта се вози 15.етапа од Рибера де Арибе до Лагос де Ковандога. Етапата е долга 185,5 километри.

Scroll to Top