Top Sport

Јејтс прв пат освои етапа на Тур д’Франс

Британскиот велосипедист Сајмон Јејтс ја забележа првата победа во кариерата на Тур д’Франс. Јејтс ја освои 12 етапа која во должина од 209,5 километри се возеше од Тулуз до Бањер-де Бигор.

Јејтс, возач на Мичелтон Скот, победи во фото-финишот пред ривалот од тимот Астана, Пеља Билбоа и возачот на Бора, Австралиецот Грегор Милбергер. Во финишот времето на победникот изнесуваше четири часа, 57 минути и 53 секунди.

Тројцата возачи се одвоија од останатите во текот на трката, а потоа за победникот решаваа во драматичниот спринт.

Лидерот во генералниот пласман Жулиен Алафилип етапата ја заврши на 31 место, но сепак ја задржа жолтата маичка. Алафилип има 72 секунди предност во однос на Герент Томас.

Во петок на Тур д’Франс се вози хронометар во должина од 27,2 километри.

foto/epa

Scroll to Top