Top Sport

Јелена Докиќ: Бев злоупотребувана од мојот татко

Јелена Докиќ, поранешна југословенска тенисерка, во својата автобиографија, открила дека со години била жртва на насипното однесување на својот татко, Дамир.

Докиќ во книгата „Нескршлива“, напишала дека насилството започнала кога имала само шест години и дека насилното однесување на нејзиниот татко имало големо влијание врз целиот нејзин живот.

Како што пренесуваат британските медиуми кои имале увид во автобиографијата, која се уште не е објавена, поранешната тенисерка опишува детали од физичкото и емоционалното злоставување.

Во книгата таа тврди дека таткото Дамир ја тепал со ремен секогаш кога лошо ќе работела на тренинг, а добивала клоци во одредени моменти. Ја нарекувал и „к..ва“, а најлошо и било кога изгубила турнир во Канада во 2000 година.

„Грдо сеќавање кое засекогаш ќе остане во мене…Се онесвестив! Многу ме тепаше“, напишала Докиќ.

Дамир Докиќ е познат по своето насилничко однесување. Во една пригода на УС Опен предизвикал скандал кога го искршил телефонот бидејќи не бил задоволен од ручекот, а во 2009 година мина 15 месеци во притвор бидејќи со бомба му се заканувал на австралискиот амбасадор во Србија.

Јелена Докиќ од здравствени причини ја заврши кариерата во 2014 година.

Scroll to Top