Норвежанката Тереза Јохауг со победа ја заврши кариерата. Јохауг славеше на трката на 30 километри, класичен стил, во Осло. Второто место го освои Криста Пармаковски, а третото Јона Сундлинг.
Со овации од трибините, на кои беа и членовите на кралското семејство, Јохауг стави крај на 15-годишната кариера.
Во пензија замина со 81 победа во Светскиот куп. На Зимските олимписки игри во Пекинг таа освои три златни медали. На светските првенства освоила 14 најсјани одличја.
Инаку, титулата во генералниот пласман ќе ја освои Наталја Непријаева од Русија. Таа поради добро познатите настани нема да настапи на последните две трки, но има недостижни 240 поени повеќе од Ебе Андресон.