Маро Јоковиќ еден од најдобрите светски ватерполисти објави крај на репрезентативната кариера.
Јоковиќ во иднина ќе игра само за својот клуб, Југ од Дубровник.
„Не можам повеќе да играм нон-стоп, без одмор. Не можам да дадам 100 отсто, а се знае кои се целите на репрезентацијата. Му го кажав тоа на селекторот Ивица Туцак, би било некоректно да провлекувам во националниот тим“, изјавил Јоковиќ за локалните медиуми.
Јоковиќ во кариерата освоил бројни медали, најзначајни се златните одличја од Светското и Европското првенство, односно Олимписките игри.