Top Sport

Ју-ес опен ќе се игра пред полни трибини

Организаторите на Ју-ес опен, последниот гренд слем во сезоната, најавија дека во продажба ќе ги пуштата сите билети.

Последен пат, трибините на еден од четирите гренд слем турнири, беа полни во Австралија во 2020 година. Од Вимблдон кој започнува на 28.јуни, најавија дека полн капацитет на главниот терен ќе има само за финалниот меч.

На Ју-ес опен, во 2019 година, беше поставен рекорд според бројот на луѓе кои го посетиле комплексот. Продадени беа повеќе од 700.000 билети.

Поради коронавирусот, Ју-ес опен, минатата година се одржа без присуство на публика.

Scroll to Top