Канаѓанката Јуџини Бушар успеа да го повреди задникот при поразот од Белгија во Хопман купот во Перт.
Бушар, поранешната финалистка од Вимблдон, која беше најавувана како „новата Марија Шарапова“, пред да доживее драстичен пад во формата, загуби со 6:4/6:4 од Елизе Мертенс, но вели дека повредата не сериозна.
„Можеби имам истегнат мускул или нешто слично. Но имав остра болка во задникот и не можев да го дадам максимумот“, изјави Бушар.