Top Sport

Јутјуберот Пол до Мекгрегор: Ти нудам 50 милиони долари, а ти се плашиш!

Откако ги среди својот колега Ансон Гиба и екс-кошаркарот, Нејт Робинсон, еден од најпопуларните, но и најзамразени јутјубери, Џејк Пол (23) пронајде своја нова мета – Конор Мекгрегор (32).

Пол во класичен „јутјуберски“ стил го предизвика Мекгрегор:

„Што е проблемот со тебе ирска пи.ко? Добро утро Конор, знам дека во моментов сигурно тепаш старци во кафе бар. Мојот тим утринава ти испрати понуда од 50 милиони долари чист кеш, најголемата понуда која некогаш ќе ја видиш. Но, тебе ти е страв да се бориш против мене, ме избегнуваш затоа што ти е страв да бидеш поразен од еден You Tube борец. Ти си 0:1 како боксер, јас сум 2:0“ се вели меѓудругото во заканата од Пол кон Мекгрегор.

Scroll to Top