Top Sport

Кафелников: Федерер, Надал и Ѓоковиќ се досадни, Шарапова не е Русинка!

Евгениј Кафелников, поранешниот светски број 1 и двократен гренд слем шампион, кој сега е потпретседател на Руската тениска федерација не е многу импресиониран од „големата“ тројка на светскиот тенис – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Федерер е досаден. Тој ја има својата рутина. Надал – уште подосаден. Ѓоковиќ, за мене искрено, исто така е досаден. Околу Федерер нема приказна, тој е како швајцарска банка. Сѐ добива на тацна“, вели Кафелников во интервју за руската ТВ.

Русинот, кој освои злато на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 и помогна Русија да го освои Дејвис купот во 2002 година, исто така се осврна и на петкратната гренд слем шампионка, Марија Шарапова.

„Не комуницирам со неа. Мојот татко зборуваше со таткото на Шарапова пред таа да замине во САД бидејќи беше важно да добие писмо со препораки. Јас и дадов рекети, играв тенис со неа додека таа не замина. Но, оттогаш ништо. Сите се свесни подолго време дека таа не е Русинка. Човек со американски пасош толку години, кој живее во САД и размислува на американски начин“, објаснува Кафелников.

Scroll to Top