Top Sport

Каишета поради допинг исфрлена од ОИ

Бразилската одбојкарка, Тандра Каишета, поради допинг е исфрлена од Олимписките игри во Токио. До целосно завршување на овој случај, Каишета нема да дава изјави.

Една од најискусните Бразилки, била тестирана пред еден месец, во текот на подготовките за ОИ во Токио.

Олимпискиот комитет на Бразил објави дека таа е привремено суспендирана, поради позитивен допинг-тест.

Неиграњето на Каишета ќе биде голем хендикеп за Бразилките, кои за два часа ќе играат во полу-финалето, против Јужна Кореја.

Scroll to Top