Дионтеј Вајлдер има „репутација“ на страотен фајтер во рингот и еден од боксерите чии нокаути најдолго се паметат.
Меѓутоа, ВБЦ шампионот во тешка категорија, кој ќе боксува со Тајсон Фјури во Лос Анџелес на 2 декември, иако нема пораз во професионалната кариера, во аматерската не му одеше најдобро.
Така, на Интернет се појави видеото од нокаутот кој тој го доби во 2008 година од Русинот Евгениј Романов на боксерскиот турнир меѓу Русија и САД. Вака изгледа „беспомошниот“ Вајлдер.
Deontay Wilder vs Evgenyi Romanov pic.twitter.com/Im5KMyeq8I
— KO Kings (@KOKINGS4) November 19, 2018