Top Sport

Како изгледа примерок урина по 12 исцрпувачки боксерски рунди?

Британскиот боксер Ентони Крола ги шокираше сите откако го објави својот примерок урина по саботниот меч против Дауд Јордан, кој го доби по брутални 12 рунди.

Крола боксуваше со Јордан во пред-мечот на пресметката во крузер категорија помеѓу Олександер Усик и Тони Белју, и неколку часа потоа мораше да даде примерок урина за допинг-тест.

Како „награда“ за победата, Крола може да се надева на дуел со „кралот“ во лесна категорија, Васил Ломаченко, но бојата на примерокот урина ги шокираше фановите.

Иако многумина сметаат дека бојата е поради крвта, одговорот е полесен. Кога мускулите се под преголем напор, се трошат повеќе протеини и тие излегуваат преку урината.

Scroll to Top