Top Sport

Како се станува ѕвезда – Хабиб доби 3 милиони Инстаграм следбеници за 24 часа

Шокантната победа на Хабиб Нурмагомедов над Конор Мекгрегор во ММА мега-мечот во Лас Вегас во саботата навечер му донесе на Русинот неверојатни 3 милиони нови следбеници на Инстаграм.

Нурмагомедов сег е вистински „џин“ на социјалните мрежи со 10 милиони следбеници на Инстаграм, откако пред мечот имаше 6.8 милиони следбеници.

Оваа цифра, секако, уште е далеку зад Мекгрегор, кој има 27.9 милиони следбеници, но Дагестанецот беше релативно непознат на тие кои не се ММА фанови пред овој меч.

Фајтерот со прекар „Орел“ доби над милион лајкови за постот со кој се извинува за тепачката по мечот, а исто така беше популарен и постот со неговиот татко Абдулманап, кој е негов тренер. Фотографијата е направена во Дагестан и го покажува Кавказот во позадината и доби над 3.5 милиони лајкови.

Со овој раст тој ги остава зад себе другите руски ѕвезди, како тенисерката Марија Шарапова (3.3 милиони следбеници) и хокеарот Александер Овечкин (1.3 милиони следбеници).

Scroll to Top