Top Sport

Кала прва шампионка во Пјонгчанг

Швеѓанката Шарлот Кала го освои првиот златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Кала победи во скијатлон.

Кала до победата на 15 километри долгата патега стигна со време од 40:44.9 минути, што за осум секунди беше подобро од резултатот на второпласираната Марит Бјерген од Норвешка. Скандинсвскиот подиум го надополни Криста Пармакоски од Финска.

Кала во Пјонгчанг го освои третото злато, на три различни олимпјади во кариерата и стана првата Швеѓанка со такво оставрување. Пред осум години во Ванкувер победи на трката на 10 километри слободно, а во Сочи освои злато со штафетата на Шведска. Во кариерата Кала има освоено и три сребрени медали.

Покрај Кала во центарот на вниманието беше и Бјерген која го освои 11. медела во кариерата. Норвежанката не успеа да го одбрани златото од Сочи, но сега е недостигаат уште два медали за да го достигне сонародникот, кој е најуспешен олимпиец на сите времиња, Оле Ејнар Бјорндален.

Бјерген на олимпијадите има освоено осум златни, четири сребрени и еден бронзен медал.

Scroll to Top