Top Sport

Калин Ивановски ќе настапи на централниот терен на „Macedonian Open 2023“

На третиот ден од челинџер 75 турнирот „Macedonian Open 2023“ ќе се играат 11 мечеви од првото коло како и два меча од турнирот во конкуренција на двојки. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе се појави на централниот терен како втор меч од програмата, а ривал му е Дино Прижмиќ од Хрватска.

Од мечевите во двојки ќе настапи и македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои ќе играат против Филип Бергеви (Шведска) и Џејсон Тејлор (Австралија). Нивниот меч нема да почне пред 15:30 часот.

Распоред на мечеви по терени

Централен терен (старт 10:30 часот)

Миљан Зекиќ (8 носител, Србија) – Нермин Фатиќ (БиХ)

Калин Ивановски (Македонија) – Дино Прижмиќ (Хрватска)

Никола Милојевиќ (Србија) – Александер Веис (Италија)
Обрад Марковски, Горазд Србљак (Македонија) – Филип Бергеви (Шведска), Џејсон Тејлор (Австралија)

Терен број 5 (старт 10:30 часот)

Азиз Дугаз (1 носител, Тунис) – Луис Веселс (Германија)

Сумит Нагал (Индија) – Бенџамин Хасан (7 носител, Либан)

Ендрју Паулсон (Чешка) – Мате Валкуж (Унгарија)

Иван Лутаревич (Белорусија), Владислав Манафов (Украина) – Санјар Фајзиев(Узбекистан), Маркос Каловелонис (Грција)

Терен број 8 (старт 10:30 часот)

Оливер Крафорд (САД) – Матеус Пуцинели Де Алмеида (Бразил)

Вилсон Леите (Бразил) – Филип Кристиан Јиану (Романија)

Карол Дрзевиецки (Полска) – Роман Андрес Буручага (6 носител, Аргентина)

Терен број 6 (старт 10:30 часот)

Франциско Комесана (5 носител, Аргентина) – Џејмс Мек Кејб (Австралија)

Драгош Николае Мадарас (4 носител, Шведска) – Макс Касниковски (Полска)

Мечевите на сите терени почнуваат во 10:30 часот, а влезот е слободен.

Scroll to Top