Top Sport

Калинскаја се наврте против Кирјос по разделбата: Еб.н вампир!

Руската тенисерка Ана Калинскаја очигледно веќе не е во врска со австралискиот тенисер Ник Кирјос, откако на Инстаграм објави фотографија со порака „Еб.н вампир на енергија“, во порака насочена кон контроверзниот Австралиец.

Неколку часа претходно, Калинскаја во друг пост на Инстаграм прати порака: „Ти не си лошо момче, ти си лоша личност“, но потоа ја избриша оваа порака. Во понеделникот, Калинскаја призна дека веќе не е во врска со Кирјос и побара да се почитува нејзината приватност.

„Не, не сум во врска. Раскинавме. Не сме пријатели. Сфаќам дека вие сте негови пријатели и тоа е кул, но нема да зборувам за него. Имајте почит и кон мене. Благодарам“, изјави 21-годишната Калинскаја.

И покрај тоа што никогаш не потврдија дека се во врска, Калинскаја и Кирјос беа забележувани заедно повеќе пати. Но, во декември, таа го нарече Австралиецот „Сатана“ и побара од него да не му коментира на социјалните мрежи.

Scroll to Top