Победникот на Новогодишната турнеја во скијачки скокови, Полјакот Камил Штох славеше и на скокалницата во германски Титизе-Нојштат.
Штох до победата дојде со скок од 144 метри во втората серија што му беше доволно за триумф пред водечкиот во генерален пласман во Светскиот куп, Норвежанецот Халвор Егнер Гранерус и сонародникот Пјотр Зиле.
Денешната беше трета победа за Полјакот во низа, но е само трет во генерален пласман со 608 бода.
Водат Гранеруд со 848 и Германецот Маркус Еисбихлер со 634 бода.