Top Sport

Камил Стох испиша историја во ски-скоковите

Полјакот Камил Стох испиша историја во ски скоковите откако на доминатен начин ја освои традиционалата Новогодишна турнеја – четири скокалници. Стох во саботата стана вториот човек, по Свен ханавалд, кој победил на сите четири станци на турнејата.

30-годишникот од Закопане на последната скокалница во Бишосхофен стигна како еден од десетмината кои кои пред оваа скокалница победиле во Оберстдорф, Гармиш и Инсбрук, а по двете серии му се приклучи на Ханавалд.

На скокланицата во Бишосхофен, Полјакот освои 275,6 бода со скоковите од 132,5 и 137 метри. Еден од првите кои му честитаа на Стох беше тукму Свен Ханавалд.

Исто така Полјакот влезе во елитната група ски-скокачи кои успеале да ја одбранат титулата на Новогодишната турнеја.

На втората позиција, зад Стох, заврши Андерс Фанемел од Норвешка со скоковите од 130 и 139 метри, а трет беше Германецот Андреас Велингер.

Во вкупниот пласман Стох победи со 1.108,8 бода, второто место го освои Велигнгер,а трет беше Фанемел.

Scroll to Top