Шелејн Фланаган стана првата Американка со победа на маратонот во Њујорк по 40 години, откако во шокантна трка доминираше пред кениската трикратна шампиона Мери Кеитани во неделата.
36-годишната Фланаган, која немаше победа на големите маратонски трки оствари време од 2 часа 26 минути и 53 секунди. Кеитани се мачеше за да стигне на целта со 2:27:54, пред Етиопјанката Мамиту Даска (2:28:08). Таа е прва американска шампионка во Њујорк од 1977 година.
Машката титула, овојпат очекувано, отиде кај Кениецот Џефри Камворор, кој успеа да го совлада својот сонародник Вилсон Киспанг. Камворор имаше неофицијално време од 2:10.53, додека Кипсанг заостана 3 секунди.
Трката беше под засилено обезбедување со илјадници полицајци, неколку дена откако во напад со камион загинаа осум луѓе во „Големото јаболко“.