Top Sport

Кан го заврши првиот кам-бек со нокаут за 40 секунди! (видео)

Враќањето на поранешниот шампион Амир Кан во рингот траеше помалку од една минута, откако тој го нокаутираше Фил Ло Греко за само 40 секунди во Ливерпул.

Во првиот меч по повеќе од две години, Кан прво го прати на подот Канаѓанецот Ло Греко уште во 13-тата секунда со одлична комбинација удари, за наскоро да го реши мечот со уште неколку удари.

„Бев малку нервозен, но се вратив со голем удар. Сакам следната година да бидам светски шампион“, вели 31-годишниот Кан.

Кан, кој беше светски шампион во лесна-велтер категорија немаше боксуван од поразот со нокаут од Саул „Канело“ Алварез во Лас Вегас во 2016 година.

Следен можен противник на Кан е Кел Брук, британскиот боксер кој беше покрај рингот.

„Не се брзам, но не бегам од никого. Ќе боксувам со Брук и ќе го победам, бидејќи долго време тој живее на славата на моето име“, додава Кан.

Scroll to Top