Канадската двојка Теса Вирту и Скот Моар го освоија златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Вирту и Моар го освоија второто злато на ЗОИ бидејќи претходно победија и екипниот натпревар со својата репрезентација. Канаѓаните во Пјонгчанг станаа најтрофејната двојка во историјата. По две децении на сцената тие најавија дека во Појнгчанг последен пат настапуваат на ЗОИ.
Вирту и Моар по доминантниот настап во кратката програма, кога го соборија светскиот рекорд, доминираа и во слободната програма, а танцот во ритамот на Мулен руж им донесе 122.40 поени (206.07 вкупно) и го освоија златото.
Канаѓаните освоија злато и вред осум години на домашен терен во Ванкувер, а пред четири години во Сочи завршија на второто место.
I’m so invested in Tessa Virtue and Scott Moir it’s getting out of hand pic.twitter.com/lGopamV9bN
— Krystal Lopes (@ayethereKrystal) February 12, 2018
Сребрениот медал им припадна на Французите Габриела Пападакис и Гилјермо Сизерон, кои за слободната програма собраа најмногу поени.
На третото место завршија братот и сестрата Маја и Алекс Шибутани од САД. Американците беа трети и по кратката програма.