Аслан Карацев е најголемата сензација на Австралија опен. 27-годишникот од Валдикавказ, 114. на АТП листата, од квалификациите успеа да стигне до полу-финалето.
Карацев, во четврт-финалето, го победи Григор Димитров со 2/6, 6/4, 6/1, 6/2.
Во Мелбурн прв пат настапува на Гренд слем турнир и она што е интересно ова е негов прв АТП турнир во кариерата. Во досегашната кариера играл само фјучерси и челинџери. Во Австралија допатува со серија од 38 победи на последните 44 мечеви.
Интересно за девет дена во Мелбурн тој успеа да заработи повеќе пари отколку во целата досегашна кариера.
Досега во Мелбурн заработил 661.827 долари, а низ кариерата 618.354 долари.