Карате клубот „Макпетрол“ со седум натпреварувачи ќе учествува на 27.издание на силниот турнир „Гранд-при Кроација“, во Самобор, Хрватска.
Турнирот во Самобор е еден од најсилните за младинските категории и поради тоа тој за многу евроспки земји преставува еден вид на генерална проба за настап на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), кое треба да се одржи во Сочи, Русија во првата недела на наредниот месец.
„Ова ќе биде прв турнир во новата година на кој ние зимаме учество. Во Маврово имавме еднонеделни подготовки кои успешно ги завршивме, сега за сите учесници ова е последна турнирска контрола, затоа примарно е да ја провериме формата на нашите репрезентативки Моника Пендаровска -55 кг и Ангела Мојсовска -68 кг., секако тука се и останатите каратисти за да видат што треба да поправат во својот тактичко – технички дел на водењето на борбите“, вели тренерот Бошко Заборски.
За Самобор ќе заминат:
1. Петар Заборски постар јуниор (У21) -75 кг.
2 Моника Пендаровска постара јуниорка (У21) -55 кг
3, Анѓела Мојсовска постара јуниорка (У21) -68 кг
4. Абдурахим Идриз јуниор -55 кг
5. Давуд Рамадановски јуниор -61 кг
6. Кристијан Бошковски јуниор -61 кг
7. Ева Блажевска јуниорка +59 кг
На турнирот за настап се пријавени 1254 спортисти во дисциплината борби (кумите), и 457 спортисти во дисциплината кати од вкупно 23 држави.