Емил Павлов (-60 кг) во својата категорија победи во финалето на „Карате 1 Премиер лигата“, во Москва. Павлов во борбата за златниот медал го победи Турчинот Ерај Самдан со 3:1.
Во силната конкуренција, на патот до златниот медал Павлов успеа да победи тројца поранешни светски шампиони Даглас Бросе, Калвис Калинис и Анџело Крешченцо.
Резултатите во Премиер лигата се бодуваат за настапот на Летните олимписки игри што ќе се одржат наредната година во Токио.
Павлов во Москва ги победи Ласло Андраш од Унгарија со 4:1, Матијас Гомез од Шпанија 6:0, Калвис Калинис од Латвија со 5:3, Даглас Бросе од Бразил со 2:0, Анџело Крешченцо од Италија со 1:0 и во финалето со 3:1 беше подобар од Турчинот Ерај Самндан.
фото/facebook.com/stipskiasovi/