Олимпискиот шампион во карлинг Рајан Фрај и неговите соиграчи, минатиот викенд биле исфрлени од натпреварот во Алберта, бидејќи биле пијани, објавија медиумите во Канада.
Фрај освојувач на златен медал на Олимписките игри во 2014 година, од натпреварувањето бил дисквалификуван бидејќи со својот тим ја кршел опремата.
„Дојдовме на турнирот за да уживаме во спортот. Моето однесување беше срамно и организаторите имаа право да ме дисквалификуваат“, порачал Фрај.
„Не смеев да си дозволам да ја загубам контролата и да ги навредувам другите луѓе. Сакам на секој посебно да му се извинам“.
Во официјалното соопштение се наведува дека канадскиот тим, во кој покрај Фрај биле уште Џејми Коу, Крис Шиле и Ди Џеј Кидби, бил дисквалификуван поради неспортското однесување.
Curling team banned from Alberta tournament for being so, so drunk: https://t.co/1dCZdEjRrP pic.twitter.com/O6QvyYhsy5
— Deadspin (@Deadspin) November 20, 2018