Иво Карловиќ и Јапонецот Јуичи Сугита го одиграа најдолгиот меч во второто коло, а победи Хрватот кој петтиот сет го доби 12:10.
Фантастичен меч во Мелбурн одиграа еден од највисоките и еден од најниските играчи на АТП турот. Карловиќ на крајот успеа да победи во пет сета, по четири часа и 36 минути игра (7:5, 6:7, 7:5, 4:6, 12:10).
Мечот обилуваше со пресврти и помалку е неверојатен податокот дека Карловиќ и големата разлика во ас сервисите, 53 наспрема 17, мораше прашањето на победникот да го решавата во петтиот сет.
Клучниот брејк Карловиќ во направи во 21.гем од решавачкиот сет, а потоа рутински го заврши мечот.
Хрватот во наредната рунда ќе игра против Италијанецот Андреа Сепи кој во три сета го победи Јошихито Нишиока.