Top Sport

Касаткина ја „сопре“ Вознијацки во Петроград

Светската тенисерка број 1, Каролине Вознијацки го доживеа првиот пораз по освојувањето на титулата од Австралија опен, откако загуби со 7:6(2)/6:3 од Русинката Дарја Касаткина во четврт-финалето на Санкт Петербург опен.

20-годишната Касаткина доминираше во тај-брејкот за да го освои првиот сет, за во вториот да освои три од последните четири гема за победа и дуел со актуелната шампионка Кристина Младенович, која со 6:4/6:3 ја победи Чехинката Катерина Синијакова.

„Таа само што го освои Мелбурн, така што оваа победа навистина ми значи многу. Играв поен за поен без да размислувам за тоа“, вели Касаткина.

Претходно, двократната шампионка од Вимблдон, Петра Квитова влезе во полуфиналето со фантастична партија против Јелена Остапенко, победувајќи ја со 6:0/6:2. За место во финалето таа ќе игра со Германката Јулија Гергес, која со 6:3/6:3 ја победи руската квалификантка, Елена Рибакина.

Scroll to Top