Судот во Јужна Африка му ја зголеми затворската казна на поранешниот параолимпиец Оскар Писториус за убиството на неговата девојка од 6 на 13 години и пет месеци.
Обвинителот наведе дека шестгодишната затворска казна за убиството на Рива Стенкамп е многу блага.
Писториус тврдеше дека ја застрелал Стенкамп на Денот на вљубените во 2013 година затоа што мислел дека е крадец.
Писториус беше обвинет во 2015 година. Според обвинението, тој ја застрелал неговата девојка четири пати низ заклучена врата од тоалетот во неговата куќа во Преторија.
Шесткратниот добитник на златен медал на параолимпијади влезе во историјата со тоа што стана првиот спринтер со ампутирани нозе кој се натпреварувал на Олимпијада, во 2012 година во Лондон.