Познат е идентитетот на пливачот кој е осомничен за сексуално злоставување во еден ноќен клуб во Гвангжу, Јужна Кореја.
Медиумите открија дека се работи за 22 годишниот Унгарец, Тамаш Кендереши. На пливачот властите во Јужна Кореја му забраниле да ја напушти државата.
Кендереши е уапсен под обвинение дека сексуално вознемирувал 18 годишна девојка.
Во полициската станица, во присуство на адвокатот тој ги демантирал обвинувањата, а потоа бил пуштен на слобода, но не смее да ја напушти Јужна Кореја.
Инаку, Кендереши има бронзен медал на 200 метри пеперутка од Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Во оваа дисциплина на Светското првенство во Јужна Корњја го освои осмото место.