Top Sport

Кенијска атлетичарка пронајдена мртва во својот стан

Агнеш Тироп, атлетичарка од Кенија, била пронајдена мртва во својот стан во Итен. Тирол имаше само 25 години, според локалните медиуми најверојатно се работи за самоубиство.

Кенијката пред еден месец, постави светски рекорд на улична трка на 10.километри. Трката ја заврши со време 30.01 минути. Минатата недела нејзиниот рекорд во Женава го урна, Гезање од Нахреин (29.38 минути).

Најголемите успеси Тироп ги остварила на Светските првенства во Лондон во 2017 и Доха 2019 година, на 10.000 метри. Во двет трки го освои бронзениот медал. Тироп била светска шампионка во крос во 2015 година.

На Олимписките игри во Токио таа го освои четвртото место на 10.000 метри.

Scroll to Top