Top Sport

Кербер загуби двапати од Андреску, па ја нарече „кралица на драмите“ (видео)

Анџелике Кербер е двократна гренд слем шампионка со огромно искуство за мене, но очигледно и таа знае да се однесува детски на теренот. Откако загуби од 18-годишната Канаѓанка Бјанка Андреску вторпат во два меча, таа ја нарече тинејџерката „најголема кралица на драмите“.

Ова се „фати“ на микрофоните по саботниот пораз од најновата тениска сензација на Мајами опен, помалку од една недела откако загуби од неа и во финалето во Индијан Велс. Овојпат, Германката се налути на медицинските паузи кои Андреску ги правеше во средината на мечот, жалејќи се на болки во рацете.

Сепак, откако помина време, Кербер преку својот Твитер акаунт и честиташе на својата противничка.

Scroll to Top