Втората носителка, Холанѓанката Кики Бертенс ја освои третата титула оваа сезона, откако на Кореја опен во тешки три сета ја совлада Ајла Томљановиќ од Австралија.
Најдобрата сезона во кариерата Бертенс ја продолжи со седма титула во кариерата откако во Сеул се врати од брејк негатива во одлучувачкиот сет за 7:6(2)/4:6/6:2 победа по 2 часа и 22 минути игра.
Бертенс претходно победи и во Чарлстон и Синсинати и е втора најдобра тенисерка на хардкорт оваа сезона (со 20 победи во последните 23 меча). Бертенс е единствена тенисерка покрај Симона Халеп и Елисе Мертенс со три титули и само Петра Квитова со пет трофеи во 2018 е пред нив.
Томљановиќ пак, уште ја чека својата прва ВТА титула, откако 25-годишната Австралијка со хрватско потекло претходно загуби во Патаја во 2015 (Даниела Хантухова) и во Рабат во мај (Елисе Мертенс).