Top Sport

Киксна на Ролан Гарос, но обложувалниците типуваат на Ѓоковиќ на Вимблдон!

Српскиот тениски ас ја пропушти можноста по вторпат во кариерата да ги освои сите 4 гренд слем тениски турнири во исто време. Го попречи Доминик Тим во полуфиналето на Ролан Гарос. Но и покрај тоа, Србинот е главен фаворит за освојување на Вимблдон, сметаат обложувалниците.

Ѓоковиќ го брани трофејот освоен во Лондон минатата година. Квотата дека ќе успее во мисијата е 2.5.

Втор фаворит на неофицијалното Светско тениско првенство е Роџер Федерер на кого квотата е 4.33. Трет е Рафаел Надал со коефициент 6.50.

Потоа букмејкерите типуваат на Александер Зверев, со коефициент 15. Додека на финалистот на турнирот во Париз,
Доминик Тим му се даваат мали шанси за успех, коефициент 29.

Вимблдон е на програмата од 1 до 14 јули.

Scroll to Top