Top Sport

Килде победи во Вал Гардена, Зутер во Вал Дизер

Александер Омот Килде од Норвешка победи на машкиот супер-велелсалом во Вал Гардена, додека Корин Зутер од Швајцарија славеше на женскиот спуст во Вал Дизер.

Норвежанецот Килде, во Вал Гардена, славеше петти пат во кариерата. Времето од 1:26.29 минути, му беше доволно за да ја забележи премиерната победа во сезоната. Второто место му припадна на Швајцарецот Мауро Кавицел (+0.12), а трет заврши сонародникот на Килде, Четил Јансурд (+0.21).

Кавицел е лидер во вкупниот пласман во супер-велеслалом со 180 поени, додека Килде е втор со 122.

Во Вал Гардена, во сабота, ќе се вози трката во спуст.

Швајцарката Карин Зутер, слично како Килде, ја забележа првата победа во сезоната, вкупно трета во кариерата. Таа во Вал Дизер победи со време 1:44.62 минути. Италијанката Софија Гоџа задоцни 11 стотинки и го освои втрото место. Најдобрите две на трката ги следеа Илка Штухец од Словенија и Нина Ортлиб од Австрија.

Водечката во генералниот пласман, во Светскиот куп, Петра Влхова заврши на 26 место, додека Микаела Шифрин не учествуваше во оваа трка.

Зутер води во поредокот во спуст, со 100 поени, 20 помалку има Гоџа на второто место.

Утре, на истото место ќе се одржи уште една трка во спуст.

Scroll to Top