Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун понуди „малсиново гранче“ до Јужна Кореја, велејќи дека е потребен „итен состанок“ за Северна Кореја да настапи на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари, и доби позитивен сигнал од јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-Ин.
Се веруваше дека Северна Кореја нема да прати тим на Олимпијадата, откако го помина крајниот рок за пријавувње, но Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) има право да доделува „вајлд-карти“.
Засега, само двајца спортисти од Северна Кореја се квалификувани – натпреварувачите во уметничко лизгање, Рјом Тае-Ок и Ким Џу-Сик.
„Време е Северот и Југот да седнат и сериозно да дискутираат за подобрување на корејските односи преку Олимпијадата. Сакаме да пратиме тим, и затоа треба да има итен состанок“, вели Ким Јонг-Ун.
Пјеонгчанг е на само 50 километри од границата меѓу двете Кореи.