Кина, како организатор на Зимските олимписки игри во Пекинг (ЗОИ), најави дека на САД ќе и одговори со контрамерки, доколку Американците одлучат да ги бојкотираат Игрите во февруари наредната година.
Медиумите најавуваат дека администрацијата на претседателот, Џо Бајден, во текот на оваа недела ќе објави дека официјални лица од САД нема да одат на ЗОи во Кина.
САД ќе бојкотираат бидејќи Кина не ги почитува правата на малцинствата, особено на Ујгурите.
Кина, експресно реагира на оваие најави преку министерот за надвоврешни работи, Жао Лиџијан.
„Повикот на бојкот е нелогичен и во овој момент може да го прекине дијалогот и соработката на Кина и САД на многу полиња. Доколку се решат на таков чекор, ние ќе преземем контрамерки“, рекол Лиџијан.
Евентуалниот бојкот на САД се однесува само на официјалните лица, не и на спортистите.
ЗОИ во Пекинг ќе се одржат од 4. до 22.февруари 2022 година.