Поради коронавирусот, многумина од Кинезите се „заробени“ во своите домови, а еден од нив, извесен Пан Шанцу (44) не дозволи епидемијата да го спречи да го прави она што најмногу го сака – трчањето.
Тој во сопствената дневна соба успеа да истрча маратон долг 66 километри за време од 6 часа и 41 минута. Тој рече дека отпочеток му се вртело во главата, затоа што цело време се вртел во круг, но потоа се навикнал.
„На почетокот малку ми се вртеше во главата, но се навикнав. Трчањето е како зависност, ако не трчате долго време, ќе добиете кожна болест по нозете“ – вели Шанцу.
Освен маратонот во дневната, кинескиот атлетичар неодамна во место „истрчал“ 30 километри, а притоа вршел пренос на друштвените мрежи.