Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос открил дека во 2017 година во Синсинати мамурен играл и успеал да извојува победа против Рафаел Надал.
Во најновиот подкаст Кирјос разговарал со Елиот Лони.
„Се сеќавам бевме во Монтреал, ден или два пред твојот дуел со Рафа. Бевме излезени. Се сеќавам дека потоа се чувствував лошо. Кога го вклучив телевизорот ти го победуваше Надал. Не можев да поверувам. Не само што играше против најдобриот во светот, туку и го победуваше“, рекол Лони.
Кирјос потоа открил како успеал да победи.
„Навистина добро си поминавме вечерта во Монтреал. Ден и пол подоцна видов дека треба да играм против Рафа. Сознанието не влијаеше врз мене. Веќе кажав што мислам за тие момци, не ги почитувам само поради нивните имиња туку и поради се она што постигнале“, рекол Кирјос.
„Одлучив да напаѓам. Знаев дека нема да можам да се движам добро, бидејќи бев мамурен. Поради тоа морав да сервирам добро и да бидам агресивен. Ѕвездите се поклопија таа ноќ“.
Надал во меѓусебните дуели води против Кирјос со 5:3. Австралиецот победил во Вимблдон 2014, Синсинати 2017 и Акапулко 2019 година.