Познато е де ка Ник Кирјос не може да го поднесе Новак Ѓоковиќ. Неодамна тој изјави дека „Ѓоковиќ имал болна опсесија да им се допаѓа на сите“ и оттогаш редовно ги користи социјалните мрежи за да испука некоја „отровна стрела“ кон српскиот тенисер.
Сепак последниот негов коментар ги минува сите граници дури и кога е во прашање контроверзниот австралиски тенисер.
За што станува збор?
Ѓоковиќ оваа недела на егзибицијата „Будлс“ се подготвува за Вимблдон каде ќе ја брани титулата. Светскиот рекет број 1 имал тренинг со младиот Канаѓанец Денис Шаповалов.
Шаповалов по тренинг на „Инстраграм“ објавил заедничка фотографија со коментар: „Денес имав одличен тренинг со Ѓоковиќ“.
Коментарот на Кирјос потоа ги шокирал навивачите.
„Дали му го ис…и?“.
Навредливо не само за Ѓоковиќ туку и за Шаповалов.