Контоверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос на социјалните мрежи повторно го нападна Новак Ѓоковиќ.
Очите на тенискиот свет се верени во Австралија, каде на 8.февруари треба да започне првиот Гренд слем во сезоната. Тенисерите и тенисерките пристигнаа во Австралија и веднаш сите се ставени во 14-дневен карантин.
Ѓоковиќ, вчера, побара од организаторите, учесниците да минат пократко во изолација, приватно сместување за сите…На овие негови барања организаторот одговори негативно.
Кирјос го коментираше ова барање на Ѓоковиќ, во првиот дел од видеото што го објави на Твитер. Вториот дел му е посветен на Бернард Томиќ и неговата девојка.
„Ѓоковиќ е будала“, вели Кирјос користејќи го зборот „tool“, што значи особа на која и недостига капацитет за да разбере дека е искористувана, или будала.