Австралиското „лошо момче“ на тенисот, Ник Кирјос поголемиот дел од својот 25. роденден го помина во молба до фановите да престанат да му се јавуваат, откако неговиот ривал, грчкиот ас Стефанос Циципас го објави неговиот телефонски број на Инстаграм.
Кирјос го прославуваше својот 25. роденден со низа видеа од прославите од претходните родендени, пред да ги замоли луѓето да престанат да се обидуваат да го добијат на телефон по „испадот“ на Циципас.
„Сфаќам дека ми е роденден, и тоа 25-ти, голема бројка, но ве молам… Престанете да ми се јавувате. Не можам да пуштам музика, не можам да правам ништо. Доста!“, молеше Кирјос.
Повеќе од десет часа откако ја сподели фотографијата, Циципас не го тргна постот, туку додаде уште еден со порака: „Престанете да му се јавувате на Ник“.
Ова е „слатка одмазда“ за грчкиот тенисер, откако Кирјос се потсмеваше со една снимка од тренинзите на Циципас во која тој скока високо.
„Заеб.вање со Стефанос Циципас. Ова е страшно“, напиша Кирјос.
Nick is struggling pic.twitter.com/GAHFWkwxxC
— José Morgado (@josemorgado) April 27, 2020