Top Sport

Кирјос погоди бабичка, но потоа воодушеви со убав гест

Ник Кирјос  се пласираше во 3.коло на АТП турнирот во Вашингтон победувајќи го локалниот тенисер Томи Пол со 6:4, 6:3, а за четврт-финалето ќе се бори со уште еден Американец, Рајли Опелка. На својот прв турнир по финалето на Вимблдон, контроверзниот Австралиец повторно се расправаше со судијата и доби опомена, но со еден потег ја омекна и ја освои домашната публика.

Во првиот сет, една негова топка удри во глава постара госпоѓа од првиот ред. Не беше силен удар, топката полека патуваше и претходно се одби од земја, но контактот очигледно ја повреди бабата. Пол, кој претходно ја промаши топката во аут, веднаш отиде да провери дали е се во ред со госпоѓата, а потоа Кирјос дојде од другата страна на теренот и и подари еден од неговите пешкири како обештетување.

Публиката во Вашингтон со срдечен аплауз го награди Кирјос за овој потег, кој спаси четири брејк топки до крајот на мечот и сепак рутински се пласираше во следната фаза од турнирот.

Scroll to Top