Top Sport

Кирјос: Поважно е да ја забавуваш публиката отколку да победуваш (видео)

Австралиското „лошо момче“ на тенисот, Ник Кирјос се врати на тениските терени со тешка 6:4/4:6/6:3 победа над Германецот Максимилијан Мартерер за да се пласира во четврт-финалето на Штутгарт опен, подготвителниот турнир на Вимблдон.

За 24-рангираниот Кирјос ова беше прв меч по два месеци, откако загуби во Хјустон поради повреда на рамото, и во полуфиналето може да се сретне со Роџер Федерер ако прво го совлада шпанскиот ветеран Фелисијано Лопез.

Сепак, најмногу внимание не предизвика неговата победа, туку коментарот дека за него не е најважно да победува во тениските мечеви.

„Би сакал да имам добар Вимблдон, но за тоа ми се потребни добри подготовки. Засега, одам чекор по чекор. Се наоѓам во добра физичка форма. На крајот, луѓето плаќаат да не гледаат, така што ние сме обични забавувачи. Сакам да гедам интересен тенис. Подобро да играм интересно и да направам шоу, отколку да победувам“, вели Кирјос.

Дека има вистина во неговите зборови најдобро покажува и овој поен против Мартерер.

Scroll to Top