Ник Кирјос, успеа да избори пласман во второто коло на турнирот во Мелбурн. Контроверзниот Австралиец, во два сета (6:2, 7:6) го победи Хари Бушиер.
Киријос не би бил тоа што е доколку не предизвикаше скандал. Во еден момент организаторите го моле да го продолжи мечот.
Во финишот на вториот сет, откако ги потроши предвидените 25 секунди за сервис, Кирјос доби предупредување од судијата. Ова толку го налути што седна на клупата одбивајќи да го продолжи мечот.
„Доволно пари изгубив поради вакви судии“, рекол Кирјос, порачувајќи му на судијата дека тој е само статист чија задача е да се грижи, мечот да помине во најдобар ред.
По неколку минути и молбите на организаторот тој се врати на теренот, спаси три сет топки и се пласира во наредната рунда каде го чека Борна Чориќ.
Drama Down Under ?
Kyrgios didn't enjoy receiving a time violation for this…#MurrayRiverOpen pic.twitter.com/9UHOlnWfZV
— Tennis TV (@TennisTV) February 3, 2021