Top Sport

Кирјос: Ролан Гарос е сра.е во споредба со Вимблдон!

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос не престанува да го привлекува вниманието со неговите контроверзни изјави и потези.
По скандалот кој го направи на Мастерсот во Рим и по навредите упатени кон првиот светски рекет во моментов, Новак Ѓоковиќ, сега тенисерот „удри“ по Ролан Гарос, вториот годинешен Гренд слем тениски турнир.

Судејќи по неговата објава на Инстаграм, тој веќе се наоѓа на Вимблдон пред почетокот на натпреварувањето во Париз. Кирјос таму го сретна британскиот тенисер Енди Мареј со кого тренираше, ама на трева.

„Еве ме како тренирам со Енди Мареј. Мислам дека Вимблдон е најдобриот турнир во светот, погледнете ја оваа тревна подлога. Ослободете се од земја, луѓе. Кој сака земја, кога е толку лоша. Факт е дека сум овде и за неколку дена ќе морам да одам во Париз. Френч опен е сра.е во споредба со ова. Апсолутно сра.е“ – вели Кирјос.

Како на ова ќе реагираат од Париз останува да се види.

Scroll to Top